Др.Шивачев: Уште една операција му претстои на еден од пациентите

од Берта Китинска

„На еден од пациентите денеска му претстои уште една операција. Останатите пациенти се во стабилна состојба “, вели доктор Христо Шивачев од софиската болница „Пирогов“ во изјава за медиумите.

Тој додава дека се работи за пациент кој исто така во текот на вчерашниот ден му била извршена операција.

За тоа кога ќе бидат  преживенатие од несреќата  отпуштени од болницата, Шивачев рече дека се уште е рано.

Несреќата на автобусот на превозникот „Беса транс“, во која загинаа 45 луѓе, се случи на 23 ноември околу два часот на автопатот „Струма“ во близина на Перник. Во тек е истрага за причините на несреќата.

Слични содржини