Во 18 епизода на емисијата „Keeping Up with the Kardashians“ најверојатно ќе има уште повеќе драма која воглавном се однесува на Кортни Кардашијан. Како што пишуваат странските медиуми, во смеејството дошло до напната ситуација бидејќи Кортни изјавила дека повеќе нема да снима.

– Одлучив повеќе време да поминам како мама и да вложам повеќе енергија во сето тоа. Меѓутоа, тоа не е крај. Мислам дека ќе морате да ја гледате 18 сезона за повеќе информации која се уште се знима – рекла ријалити ѕвездата во средината на октомври за Entertainment Tonight.

– Моментално сум среќна и задоволна со својот благослов, но дефинитивно има моменти кога сакам да го напуштам шоуто. Животот е краток и сакаш да бидеш среќен – рекла неодамна Кортни.

Кортни уште пред три години зборуваше дека сака да се тргне од шоуто кој го следи секој чекор на нејзиното семејство.

Меѓутоа, тоа не е единствена драма која се врти околу Кортни. Семејството Кардашијан беше на забава по Оскарите, каде се чинеше дека поминуваат квалитетно време заедно. Меѓутоа, Клои, после забавата, на Твитер објавила статус со кој ја обвинила Кортни дека им ја упропастила ноќта.

„Зошто Кајли Џенес и јас ѝ дозволивме на Кортни да ни ја упропасти ноќта“, напишала.

Меѓутоа, се чини дека освен Клои, Кортни се замерила и со Ким. Веќе со месеци трае тензијата меѓу сестрите. Неколку пати и без устручавање се карале пред камерите во своето шоу.

Слични содржини