ДРАМА ВО БАРСЕЛОНА: Агуеро не можел да дише – итно бил пренесен од теренот во болница!

од Vladimir Zorba

Барселона и по заминувањето на Роналд Куман не успеа да победи, но мечот против Алавес сепак остана во втор план – поради Серхио Агуеро.

Во 41. минута аргентинскиот напаѓач побара промена поради чувството на болка и непријатност во градите, а наместо него на теренот влезе Фелипе Кутињо.

Агуеро не можел да дише правилно и се пожалил на стручниот штаб, а со брза помош веднаш по излегувањето од теренот бил пренесен во болница на детални анализи.

– Серхио Агуеро се пожали на непријатност во градите и беше префрлен во болница на тестови на срцето, напишаа од Барселона.

Се уште нема нови информации за состојбата на аргентинскиот фудбалер кој летово пристигна во Барселона.

За жал, во последно време се повеќе има вакви работи во фудбалот. Секако, прво што паѓа на памет е ситуацијата што ја имаше Кристијан Ериксен на Европското првенство.

Натпреварот помеѓу Барселона и Алавес заврши со резултат 1:1, стрелец за домашните беше Мемфис Депај во 49. минута, а само три минути подоцна конечниот резултат го постави Луис Риоха.

Слични содржини