Дрејк зборуваше за бракот, пејачот откри дали некогаш ќе се ожени

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот рапер Дрејк (36) зборуваше во подкастот „The Really Good Podcast with Bobby Althoff“ за својот љубовен живот.

Пејачот никогаш не се оженил, а сега откри и зошто.

„Не знам. Ми се чини дека тоа е работа од некои дамнешни времиња. Мислам дека ќе го направам тоа еден ден. Чувствувам дека не можам да му го пружам на некого она што го бара. Само доследност. Мојот живот и работа се мои приоритети“, рече музичарот.

Водителот го прашал дали тоа е затоа што сака да се „забавува“ со различни жени, а Дрејк веднаш го негираше тоа.

„Не сакам да се оженам бидејќи не сакам некого да разочарам“, додал тој.

Дрејк во текот на годините беше поврзуван со голем број познати личности, вклучувајќи ги Тајра Бенкс, СЗА и Ријана. Сепак, тој рече дека не може да се ожени со некој кој е познат.

Слични содржини