Дру Баримор: Разводот не менува ништо

од Vladimir Zorba

Дру Баримор стави крај на четиригодишниот брак со Вил Копелман – татко на нејзините ќерки Оливија (5) и Френки (3) – во 2016 година. Сега, по изминати две години, таа категорично изјавува дека разводот не променил ништо во нејзиниот живот. Можеби затоа успеала да задржи добри односи со поранешниот сопруг, како и со неговите роднини.

„Заедно со децата во мојот живот се појави и едно друго семејство – ги сакам баба им и дедо им, како и нивните братучеди. Многу сме си блиски, ништо не се променило откако со Вил се разделивме, тие продолжуваат да се важен дел од мојот живот“, изјави Баримор.

Она што ја загрижува актерката, е прилично тешкотијата да балансира меѓу работата и грижата за децата.

„Проклетството и во исто време благословот на една мајка е да сака страшно многу деца и да сака да стори сé за нив. Сигурно секој родител чувствува дека она што го прави, никогаш не е доволно, и дека може повеќе. Јас работам многу, но само кога ги поставувам децата на прво место, тогаш чувствувам дека балансот во животот ми е правилен“, рече уште Баримор.

Слични содржини