Држеше реплика од нуклеарна бомба: Лукашенко прифати подарок со нелагодност (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби необичен подарок од министерот за одбрана Виктор Хренин за време на нивната средба во Минск.

На почетокот на видеото што го објави „Ал Џезира“ на својот Твитер профил, се гледа изненаденото лице на Лукашенка кога гледа што Хренин се подготвува да му предаде.

„О, па тој ми донесе бомба“, рече Лукашенко гледајќи во личноста која беше до нив во собата.

Хренин веднаш објасни за што се работи.

„Токму така претседателе. Ја претставувам симболичната прва нуклеарна бомба произведена во 1949 година во Советскиот Сојуз“, рече Хренин.

Судејќи по видеото, ентузијазмот на белорускиот претседател веднаш опаднало.

„Па, тоа е стара бомба“, рече Лукашенко и додаде дека модерните нуклеарни бомби изгледаат поинаку.

Хренин рече дека подоцна ќе му објасни на претседателот како новите атомски бомби се разликуваат од старите и како изгледаат.

„Ова е реплика, нели?“, праша Лукашенко за секој случај пред да го земе подарокот во раце.

Имаше порака и за Хренин.

„Нека не мислат нашите непријатели дека овде сме преокупирани со симболика или дека сме многу среќни поради нуклеарното оружје. Ова е само симболично“, заклучи Лукашенко и го стави капакот над подарокот.

Слични содржини