Постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии за одржување на избори во Декември 2016 година е само фрлање прашина во очите на јавноста и истиот не гарантира создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори.

pavle-685x320

Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, потоа реформите во медиумите, формирање на судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирање на експертска Влада која ќе ги спроведе реформите и сл.

Исто така, од исклучителна важност за демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија, ниту пак се прочисти избирачкиот список.

Оттука, имајќи ги во вид сите овие отворени прашања, како и досегашното искуство, владејачките партии да ги блокираат реформите, сосема оправдани се сомнежите дека преку договорот ќе се дојде до кредибилни избори и дека истите ќе се одржат на 11ти Декември.

Граѓаните бараат изборите да се одржат побрзо и да се случат промени, како битен предуслов за излегување од политичката криза.

Слични содржини