ДС за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Само луѓе со криминален ум може да прават вакви монструозни конструкции

од Milan1

„Само луѓе со криминален ум може да прават монструозни конструкции и да обвинуваат без ниту еден факт и доказ дека некој правел злоупотреби и криминал. Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се конструктори на ексел табели со вградување на лажни податоци или злоупотреба на податоци од редовната активност на компанијата“, реагираат од партијата Демократски сојуз на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека цела една катна гаража функционирала на грбот на граѓаните за да може функционери од СДСМ, ДУИ, Демократскиот сојуз и останатите од власта и нивни семејства да паркираат бесплатно приватни возила, како и дека истите тие функционери паркирале бесплатно било каде во Скопје.

„Ја информираме јавноста дека, никој од Демократскиот сојуз не бил корисник на повластени карти за паркирање, ниту пак на било кој начин Демократскиот сојуз посредувал или влијаел некој да биде повластен при користење на паркинг место.

Лицата кои ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ, oд ДС, како повластени, сите се вработени во ЈП Паркинзи и имаат бесплатен паркинг, како што тоа е и сега со одлука на новиот директор поставен од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку во ЈП Паркинзи се вработени над 270 лица претпријатието има законска обврска голем дел на возила да ги ослободува од плаќање на паркинг, кои исто така се злоуптребени.

Демократскиот сојуз никогаш досега не го оштетил Буџетот на РСМ и тие обвинувања се несериозни и злонамерни.

Нема да ви поминат лагите, поготово што, кога бевте на власт, најмногу привилегии имавте обезбедено за вас,за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, преку вашите инсталации и тоа на криминален начин, но тие податоци и имиња ги сокривате.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Градот Скопје, за 500 денари овозможуваше паркирање за советници во Град Скопје и други лица, а оваа одлука СДСМ ја промени, при што цената ја зголеми на 10.000 денари.

Со вакви конструкции многумина завршија во затвор , ете затоа бараме повторување на постапката за монтираните политичко-судски процеси, за никогаш да не се повтори истото“, истакнуваат од Демокраскиот сојуз.

Слични содржини