Дуа Липа на одмор во Грција со новиот дечко (ФОТО)

од Radmila Tasevska

Со својот дечко, францускиот режисер Ромен Гравас (42), младата пејачка Дуа Липа (27), моментално ужива на заеднички одмор во Грција.

Таа на фотографиите кои ги сподели на својот Инстаграм профил, го покажа виткото тело, позирајќи во неколку комбинации на бикини.

Исто така, пејачката сподели и фотографии со својот сакан, каде се држат за раце и се смејат, уживаат во вкусна морска храна и ги користат сите активности што ги нуди грчкиот остров Сифнос.

Покрај тоа, парот ја искористи и можноста да го посетат Акропол во Атина и да доживеат вистинско туристичко искуство.

За новата врска на Дуа Липа, за првпат се зборуваше на почетокот на оваа година, а таа дури во март ја потврди врската со поранешното момче на Рита Ора (31), филмскиот режисер Ромен Гаврас. Нивното прво јавно појавување беше на 76. издание на Канскиот филмски фестивал. На црвениот тепих на проекцијата на филмот „The King of Algiers“, тие не се криеја и си разменија нежности.

Слични содржини