Духовниот водач на муслиманите во Русија испрати порака до Путин: „Очекуваме победа“

од Stefanija Kuzmanovska

Духовниот водач на муслиманите во Русија, Рамил Гајнудин, се огласи и упати јасна порака до претседателот на Русија, Владимир Путин.

Гајнудин изјави дека целиот исламски свет очекува претседателот на Русија Владимир Путин и Русија да победат во Украина.

„Целиот муслимански свет, арапскиот свет, ја разбира одлуката на нашиот претседател, тие очекуваат победа на руската политика и апсолутно не се заинтересирани за хегемонија на една држава и создавање на монополски свет. Затоа арапскиот свет не воведе никакви санкции против Русија“, истакнал тој во интервју за „Русија 24“.

„Ова значи дека исламскиот свет има длабока почит кон нашата земја и нашите муслимани“, заклучи Гајнудин, зборувајќи за војната во Украина.

Слични содржини