ДУИ и Алијанса за Албанците се запознаени со одговорот од СДСМ

од desk2

ДУИ и Алијансата за Албанците се запознаени со последните измени на Законот за јазиците, но се уште не ги свикале претседателствата за донесување на финална одлука за него, а што ќе отвори пат на давањето потписи на лидерот на СДСМ за добивање на мандатот.

Алсат М дознава дека испратените забелешки од албанската страна се прифатени од Заев. Предлог – законот предвидува широка употреба на албанскиот јазик во Собранието, како усно така и писмено. Претседателите и потпретседателите на собранието, во случај да се Албанци, ќе можат да ги водат седниците на нивен мајчин јазик, додека сите акти што ќе се донесат, ќе бидат исто така двојазични.

Со Предлог – законот за употреба на албанскиот јазик, се предвидува започнување на спроведувањето на албанскиот јазик и во извршната власт, каде што министрите по прв пат ќе можат да зборуваат албански на владините седници. Решението предвидува албанскиот да се спроведе и писмено, како и во релации на владата со останатите институции. Значи, документите произлезени од Владата ќе одат директно во Собранието или останатите органи, на двата јазика. Но, албанскиот ќе се спроведува и во судскиот систем. Нотарските акти, како што дознава Алсат М, ќе бидат исто така и на албански.

Сепак, околу судските седници има се уште нејаснотии поради компликациите кои ќе произлезат од спроведувањето на двојазичноста, во зависност од страните, од ангажираните експерти како и поднесување на диспозитивите итн. Според понуденото решение во Предлог – законот, албанскиот ќе се користи и во регионите каде што не живеат Албанци. Оваа мерка се очекува да ги опфати и таблите на граничните премини. Барањата за документи или други потреби се поднесуваат на албански, а одговорот повторно ќе се врати на албански од општинските органи, но откако ќе бидат обработени од посебна Агенција на републичко ниво, кое ексклузивно ќе се занимава со преведување и доставување на барањето до граѓаните во рок од еден час. Исто така, во рамките на овие решенија, се предвидува и Инспекторат кој ќе го мониторира делувањето на Агенцијата, квалитетот на преводот, како и спроведување на сите одредби кои произлегуваат од Законот за јазикот. Личните документи, како личните карти, изводите, пасошите, итн, со Законот за албанскиот јазик ќе се издаваат автоматски на соодветниот јазик на граѓанинот, без да биде потребно како досега, да се поднесе барање за јазикот кој го бара граѓанинот.

Професорот Осман Кадриу, еден од консултираните експерти од политичките партии за разгледување на предлозите на политичките партии, смета дека партиите треба да се фокусираат на точките кои во Собранието бараат усвојување со обично мнозинство. Според него, нема никаква пречка за усвојување на некои важни прашања кои Албанците ги барале години наназад.

„Претседавачот, доколку е пратеник Албанец, ако ја води пленарната седница во Парламентот, да може да го употреби албанскиот јазик. Втората новост која се предлага е важна и треба да се истакне дека на владините седници, припадниците Албанци, да имаат право да зборуваат на албански јазик. Новост за правосудните органи, за тоа што има расположение и е во Предлогот, е таа за нотарската дејност. Доколку нотарот е Албанец и странката Албанец, по барање на странката, актите кои тој ги донесува во негова надлежност, ќе ги донесе и на албански јазик“. – изјави Осман Кадриу

Една од барањата на партиите на Албанците беше спроведување на албанскиот и на банкнотите, како и во полициско и воено командување. Измените предвидуваат исто така и усогласување на таблите и на албански јазик, како и таа на Собранието и на останатите институции. Сепак, според експертите, моментално овие барања се неостварливи бидејќи ваквите измени не можат да поминат без 2/3 од гласовите во Собранието./извор Алсат М

Слични содржини