Дурент мора да направи долга пауза

од Vladimir Zorba

Кевин Дурент го повреди коленото и како што потврдија од клубот тој ќе биде надвор од тимот на Бруклин Нетс на неодредено време.

На еден од најдобрите играчи на денешницата му е дијагностицирана повреда на лигаментите на левото колено, а стручниот штаб на чело со Стив Неш се надева дека Дурент би можел да биде на теренот за четири до шест недели.

Дурент се повреди синоќа на дуелот со Њу Орлеанс (120:105).

Американскиот кошаркар дојде во Бруклин од Голден Стејт во 2019 година, а паузираше една година поради повреда на Ахиловата тетива. Сезонава има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции.

Нетси се втори на Западот со учинок 27-15, а во повеќето натпревари не можат да сметаат на Кајри Ирвин кој не сака да се вакцинира.

Слични содржини