Дурeнт позитивен на коронавирус

од Vladimir Zorba

ПРОБЛЕМИТЕ за Бруклин Нетс не завршуваат. Позитивен тест за коронавирусот доби и најдобриот играч на тимот, Кевин Дурент.

Колку е тешка ситуацијата најдобро говори податокот дека Американецот е дури осми играч кој е заразен со Ковид-19.

Пред него, позитивни беа Џејмс Харден, Брус Браун, Ламаркус Олдриџ, Диандре Бембри, Џевон Картер и Џејмс Џонсон.

Играчите кои се во „безбедносниот и здравствен протокол на НБА“ мора да бидат надвор од теренот најмалку десет дена или двапати да бидат негативни за тестот во рок од 24 часа, за да можат да се вратат на паркетот.

Бруклин моментално е прв на Истокот со скор 21-8. Сепак, големо прашање е какви ќе бидат резултатите на тимот во следниот период кога ќе се знае колку играчи се надвор од тимот.

Слични содржини