Дурeнт сака да игра во Токио

од Vladimir Zorba

Кевин Дурент треба да биде дел од тимот на САД на претстојните Олимписки игри во Токио, објави познатиот новинар Шемс Чаранија.

Дурент одигра одлична сезона во дресот на Бруклин, но не успеа да се пласира во финалето на Источната конференција, по поразот од Милвоки на седум натпревари.

Сепак, Дурант е подготвен да игра за САД на Игрите во Токио, барем така вели добро познатиот новинар.

Крилниот напаѓач веќе три пати играше за репрезентацијата на својата земја и секојпат освојуваше златен медал – на Мундобаскет во Турција во 2010 година, како и на Олимписките игри 2012 во Лондон и 2016 година во Рио де Жанеиро.

Дурент забележа фантастични бројки оваа сезона, особено во плејофот, каде имаше просек од 34,3 поени, 9,3 скока и 4,4 асистенции по натпревар.

На последниот натпревар сезонава, во поразот на седмиот натпревар против Милвоки, тој постигна 48 поени.

Голем број на кошаркари изразија желба да играат за тимот на САД во Токио ова лето, вклучувајќи ги Бредли Бил, Девин Букер, Демијан Лилард, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.

Слични содржини