ДВ: Бугарин и Македонец заедно во вселената? А кога на Земјата?

од Берта Китинска

Бугарин и Бугарка заедно со Северномакедонец во вселената. Убава идеја, без сомнение. Едно време, „големиот брат“ на СССР слично ги однесе браќата и сестрите од социјалистичкиот логор на патување во орбитата на Земјата. Сега Бугарија, како „голема сестра“, може да го организира истото вселенско патување за Северна Македонија. Како да го оцениме на скала од 0 овој „лукав политички потег“? А кога ќе бидеме заедно на Земјата?, прашува бугарската редакција на Дојче Веле.

Не е важно дали идејата му припаѓа на г-дин Станислав Трифонов или на други бугарски политичари: очигледно целта е да се направи импресивен потег со коњот на шаховската табла на разнишаните бугарско-македонски односи. Не само да се прегрнеме на небото и со тоа да ги расчистиме противречностите засекогаш, туку и да му покажеме на светот дека сме конструктивни и прогресивни.

Да, прекрасен огномет. Но, зарем не е подобро прво да ја поправиме нашата врска на Земјата, на многу специфично парче земја што го делевме со милениуми? Зарем не е подобро да се направат железници и патишта низ ова парче земја наместо граници, да се градат заеднички индустриски паркови и туристички места и да се претвори во прекрасен и просперитетен дел од ЕУ?,прашуваат од ДВ.

„Празни фантазии… Во моментов Бугарите и Македонците се бесни едни на други и повеќе сакаат една од двете нации да биде што подалеку – во вселената или на Марс. А во меѓувреме, победникот на парламентарните избори продолжува да ги лаже своите избирачи со вселенски зашеќерен памук“, додаваат оттаму.

Слични содржини