Два земјотреси ја стресоа Македонија

од Nikola Popovski

Утринава регистрирани два земјотреси во Македонија. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, двата земјотреси биле на 70 километри југоисточно од Скопје, на епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Земјотресите биле со јачина од 3 и 2,1 степен и тоа првиот во 03:24 часот, а вториот во 04:11 часот.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресите биле со епицентар на 4 километри јужно од Штип.

Нема информации за причинета материјална штета.

Слични содржини