Двајцата пациенти кои беа повредени во автобуската несреќата одат на домашно лекување

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека ќе бидат отпуштени, на домашно лекување, двајцата пациенти кои пред неколку дена пристигнаа на скопските клиники од софиската болница „Пирогов“.

-Двајцата хоспитализирани пациенти на Клиниката за пластична хирургија денес ќе бидат испишани на домашно лекување, тие се во добра здравствена состојба, посочи Филипче.

Тој соопшти дека се очекува да пристигнат денеска од Бугарија уште тројца пациенти.

-Едниот веќе е на пат, другите двајца ќе пристигнат попладне.Имам информација дека и пациентот кој е опериран е во стабилна состојба , кажа Филипче.

Слични содржини