Две причини поради кои е тешко да се изгубат килограми по породувањето

од Stefanija Kuzmanovska

И додека некои жени прилично лесно ги губат килограмите кои ги добиле за време на бременоста, на други им е многу потешко.

Иако успехот на слабеењето по породувањето зависи од многу фактори, одредени работи дополнително го саботираат целиот процес. Како што објаснуваат експертите, две неочекувани работи можат многу да го отежнат слабеењето по породувањето. Тоа се недоволна количина на сон и стрес.

Истражувањата покажуваат дека на нашето тело му требаат во просек девет месеци да ја врати тежината пред породувањето, а процесот е различен кај секоја жена.

Ако спиеме помалку, тоа го отежнува слабеењето, без разлика дали се храниме здраво или редовно вежбаме.

Покрај тоа, експертите наведуваат дека стресот има големо влијание врз неможноста за слабеење. Во некои случаи, подложноста на стресот може да доведе до прескокнување оброци или несвесно прејадување, што го саботира губењето на тежината.

Слични содржини