Двојничката на Ким Кардашијан почина на 35-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Кристина Аштен Гуркани почина на 35-годишна возраст поради срцев застој, а последен пат ги контактираше своите следбеници на Инстаграм неколку дена претходно.

На 35-годишна возраст, во четвртокот почина моделот и инфлуенсер Кристина Аштен Гуркани, чиј Инстаграм профил го следат повеќе од 630 илјади луѓе. Кристина починала откако доживеала срцев застој неколку часа по пластична операција, а тажната вест ја открило нејзиното семејство.

„Со длабока тага и крајно скршено срце мораме да ја споделиме најпотресната, несреќната и неочекуваната вест за смртта на нашата прекрасна, сакана ќерка и сестра Кристина Аштен Гуркани“, напишаа членовите на нејзиното семејство и открија дека тажната вест им била соопштена во 4 часот и 30 минути наутро.

Поради нејзината неверојатна сличност со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, многумина Кристина ја нарекоа нејзина двојничка, а по трагичниот настан семејството започна кампања GoFundMe за собирање средства за да ѝ се даде на Кристина достоинствено последно почивалиште.

Манекенката беше опишана како „грижлив слободен дух полн со љубов кој секогаш наоѓаше време да измами насмевка на лицето на секој кој ќе го запознае“.

Слични содржини