Вестите околу љубовните односи меѓу Џенифер Лоренс и Крис Мартин се повеќе од контрадикторни.12d1392d17bd73f44b7b82ba0f339e33

Бидејќи двајцата одбиваат да ја признаат јавно својата врска, постојано се појавуваат различни гласини околу двојката.

Откако вчера стана јасно дека актерката била одобрена од децата на пејачот, денес се појави информација дека ѕвездите всушност се разделени.

Џенифер и Крис ги започнаа љубовните односи пред малку повеќе од една година, а за прв пат ја прекинаа врската во месец октомври минатата година.

Малку потоа двајцата повторно се смирија, но според запознаени ѕвездите требало да се разделат, поради своите “напорни распореди”.

Извор издаде пред Us Weekly: “Џен работи нон-стоп и тие не можат да се гледаат” .

Минатата недела, пак, Крис Мартин беше забележан да се шета во текот на ноќта по улиците на Лондон заедно со Кајли Миног .

Двајцата негираа гласините дека имаат врска и споделија дека едноставно се блиски долгогодишни пријатели.

Слични содржини