ДЗС: На крајот на 2020 година, стапката на невработеност 16,4 отсто

од Берта Китинска

Најновите податоци на Државниот завода за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто.

Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.

Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени,

Според возраста, најмногу  невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158 135 лица, трговијата на големо  и мало 116 970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95 545.

Слични содржини