Еден од британските заробеници осудени на смрт: Господ ќе биде тој што ќе ми суди кога ќе дојде време

од Nikola Popovski

Ејден Аслин, еден од двајцата Британци кој денеска беше осуден на смрт со стрелање од страна на меѓународно непризнатиот суд во самопрогласената проруска Народна Република Доњецк, даде изјава по изрекувањето на пресудата.

„Се надевав дека пресудата ќе биде многу поправедна со оглед на тоа што помогнав во истрагата и затоа што се предадов на Народна Република Доњецк. Сакав поинаков исход, но Господ ќе биде тој што ќе ми суди кога ќе дојде време“, рекол Аслин.

Заедно со него на смрт беа осудени и Британецот Шон Пинер и Мароканецот Садун Брахим. Сите тројца се бореле на украинската страна и биле заробени од руските сили во Мариупол во април.

Фото: Profimedia

Слични содржини