Еден од водачите на Талибанците пристигна во Авганистан, пречекан од толпа приврзаници (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Коосновачот и заменик-водачот на Талибанците, Мула Абдул Гани Барадар, синоќа се врати во Авганистан.

Тој одлучи да дојде во вториот по големина авганистански град Кандахар – духовното родно место и главниот град на Талибанците за време на нивното прво доаѓање на власт.

Тој пристигна од Катар, каде со месеци разговараше со Соединетите држави, а потоа и со авганистанските преговарачи за мир.

Снимките објавени од проталибанските медиуми прикажуваат толпа луѓе што се собираат околу Барадар на аеродромот, креваат тупаници во воздух и скандираат во знак на прослава.

Според странските медиуми, Барадар, ослободен од пакистански затвор на барање на Соединетите држави пред помалку од три години, се појавил како неприкосновен победник во 20-годишната војна.

Слични содржини