Еди Џордан: Со привлекувањето на Леклер, Ферари мислат на иднината

од Vlatko K

Со привлекувањето на Шарл Леклер од следната сезона, во Ферари покажуваат дека мислат за иднината, тврди поранешниот сопственик на тим од Формула 1 – Еди Џордан.

Од „Скудерија“ изненадија многумина откако одлучија да се обложат на младиот пилот на местото на искусниот Кими Раиконен, но за Џордан тоа не е бесмислено.

„Тие одлучија да се откажат од Кими Раиконен и да го заменат со фантастичниот млад пилот на Заубер, кој сепак се сомневам дека ќе освои толку поени во следната сезона, колку Финецот. Но, дали може да биде светски шампион во иднина? Апсолутно. Можеби во Ферари мислат на ерата по Фетел. Шарл беше изборот на поранешниот тимски шеф Серџо Маркионе, кој за жал почина во јули. Новиот шеф се согласи со оваа одлука, и покрај притисокот“, изјави Џордан, кој не верува дека Фетел има шанси за титулата по случката во Сингапур.

„Завршено е. Тоа беше голем удар во срцето на Ферари, вистински шок. Тие згрешија многу работи и нивната стратегија беше едноставно шокирачка“, рече Ирецот.

Слични содржини