Едита Тахири: Србија нека го промени својот устав

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната косовска министерка за дијалог меѓу Белград и Приштина, Едита Тахири, се огласи по повод изјавата на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак дека Уставот на Косово не е Библија и дека секогаш може да се промени, пренесе „б92“.

Поранешната косовска министерка за дијалог меѓу Белград и Приштина изјави дека Србија исто така може да го промени својот устав.

„По неодамнешната посета на Лајчак на Косово и Србија, мојата порака е дека почетната точка на конечниот договор е Србија да го промени уставот со отстранување на Косово од него. Зборувам од позицијата поранешен шеф на преговори на која бев седум години”, напиша таа на Твитер.

Мирослав Лајчак вчера во Белград изјави дека се во врска со Заедницата на српските општини (ЗСО) веќе е договорено и потпишано и треба да се реализира, како и дека косовскиот устав може да се промени и дека тоа не е Библија.

Слични содржини