Едно лице загина по експлозија во фабрика во близина на Москва, повеќе од 50 се повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Една жена, која беше повредена при експлозија во магацин со пиротехничка опрема во Сергиево Посад, во близина на Москва, почина во болница, а повеќе од 50 лица се повредени, соопштија градските власти.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов изјави дека 56 лица побарале помош по експлозијата, пренесува РИА Новости.

Експлозијата се случи во фабриката на оптичко-механичката фабрика Загорск во Сергиево Посад во близина на Москва.

Слични содржини