Едштадлер: Ќе биде ризично ако Македонија и Албанија се разделат во пристапниот процес

од Andreja Salpe

Сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер смета дека Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон Европската унија. Раздвојувањето на двете земји во тој процес, вели таа, може да биде ризично и тоа треба да се спречи.

-Ние сакаме Албанија и Македонија заеднички да добијат реална перспектива во Европската унија. Ние сме на мислење дека ќе биде ризично и во секој случај ќе треба да се спречи овие две земји во овој прцес да ги разделиме. „Леавинг но оне бехинд” или неоставањето никој назад во преговорите ќе треба да остане како девиза, рече министерката Едштадлер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Затоа таа се надева дека прашањето со Бугарија ќе биде надминато.

-Се надевам дека, исто така, Македонија ќе остане конструктивна и активна и ќе влијае проблемот да се реши да се дојде до меѓувладина конференција за двете земји, истакна авриската министерка за Европа и Устав.

Слични содржини