еЕуро2021: С.Македонија ги доби противниците за квалификациите

Репрезентацијата на С.Македонија, во дуели против Шпанија, Финска, Украина и Естонија ќе ги одмери силите во квалификациите за пласман на eEURO2021.

Ова беше епилогот по ждрепката која се оддржи во седиштето на УЕФА во Нион.

Претставници во претстојните квалификации се Давид Гаревски и Ташко Илиев, кои во турнирот кој го организираа ФФМ и македонската Еспорт Федерација, беа најуспешни.

Инаку, квалификациите ќе се играат во периодот од 15. март до 26. април, а директен пласман на завршниот турнир што во првата половина на јули ќе се одржи во Лондон ќе обезбедат првопласираните во десетте квалификациски групи. Второпласираните во групите ќе играат плеј-оф за преостанатите шест места на eEURO 2021.

Наградниот фонд на завршниот турнир изнесува 100.000 евра, а победникот ќе добие 40.000 евра

Слични содржини