ЕК: Децата мигранти се селат од грчките острови

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 250 малолетни лица без придружба од мигрантски кампови на грчките острови ќе бидат префрлени на копното, како што беше случај со 400 деца од опожарениот камп Морија на Лезбос, соопшти денеска Европската комисија.

Европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон потсети дека 406 деца и адолесценти без придружба, кои биле во кампот Морија за време на пожарот, биле пренесени на копното на Грција минатата недела.

„Денес можам да најавам дека ќе бидат префрлени малолетници без придружба и од другите острови“, рече Јохансон пред Европскиот парламент.

Според портпарол на ЕК, трансферот, финансиран од ЕУ, опфатил околу 250 лица.

Комесарката исто така кажала дека започнал трансферот на деца од кампот Морија. Десетина земји изразиле подготвеност да ги примат овие деца.

Сепак, Јохансон изрази загриженост и за семејствата со мали деца, старите лица, бремените жени, потсетувајќи дека ги повикала земјите-членки на ЕУ да направат повеќе во врска со прашањето за прифаќањето мигранти.

Германија вети дека ќе прими околу 1.500 бегалци.

Комесарката Јохансон треба да ја претстави миграциската политика на ЕУ во среда следната недела.

Слични содржини