ЕК нема информации дека некој го плаќа рускиот гас во рубљи

од Vladimir Zorba

Европската комисија нема информации дека некоја европска компанија платила за рускиот гас во рубљи, откако Москва побара од странските купувачи да се придржуваат до механизмот за плаќање со претворање на евра или долари во рубљи, изјави денеска европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон.

„Комисијата нема информации за која било земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа“, рече Симсон по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ во Брисел.

Еврокомесарот за енергетика рече и дека Комисијата нема информации за некоја земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа.

Слични содржини