Експерт за говор на тело тврди дека Амбер ЛАЖЕ на суд, еве и зошто (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Експерт за говор на телото ги објасни ситуациите во кои е јасно дека поранешната сопруга на Џони Деп измислува приказна на лице место.

Продолжува да се зборува и пишува за судењето на холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Парот кој е во лоши односи го привлече светското внимание со бројни пикантерии од врската, а секој детал од судењето предизвикува општ хаос на социјалните мрежи.

Така сослушувањето од пред четири дена разбесни милиони луѓе ширум светот, а сето тоа поради сведочењето на Амбер Херд. Многумина напишаа дека користела лажни солзи и цитати од филмови, а експертот за говор на телото Џенин Драјвер изјави дека „така се однесува некој што сака да ве измами“.

При анализата на однесувањето на Амбер Херд, експертот за говор на телото истакна дека актерката ја гризнала усната, што, како што вели, е јасен показател дека е под стрес и притисок.

„Тоа е како кога бевме мали, па си ги цицавме палците. Тоа е гест со кој бараме утеха“, истакна таа.

Драјвер, која со години соработувала со полицијата за да открие лаги, објаснила дека целта на Амбер Херд била да изнесе што повеќе неважни информации на суд. Како што вели, тоа често го прават маестрални лажговци.

„Ни даваат многу точни информации, нели? Проблемот е што, кога го опишува нападот, потребни се можеби само 15 проценти од времето. Имаме многу пред тоа и после тоа. Самиот инцидент е мал“, објасни таа.

Друга ставка што јасно покажува дека поранешната сопруга на Џони Деп не ја кажува вистината е тоа што таа не користи заменки. Покрај тоа, таа често го користи сегашното време, иако инцидентот наводно се случил во минато време.

„Прво вели „удрил“, па потоа повторно „удри“, а третиот пат вели „удара“. Кога луѓето измислуваат приказна, често ја раскажуваат во сегашно време. Нејзината конфузија на времето укажува дека таа ја измислува приказната на местото“.

Слични содржини