Експлозија во Мадрид: Католички свештеник последен во низата починати (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Денес почина католичкиот свештеник кој беше извлечен од урнатините на црквата која беше уништена во експлозија во центарот на Мадрид, со што вкупниот број жртви се зголеми на четири.

Според последните информации, во експлозијата се повредени 10 лица, пренесува „Ројтерс“.

Силната експлозија, што доведе до делумно уривање на зграда во центарот на Мадрид и предизвика пожар во неа, се верува дека е предизвикана од истекување на гас.

Зградата што се сруши е верски комплекс во кој живееле свештеници и се подготвувале за нивниот повик и во кој подготвувале оброци за бездомниците, изјави еден од соседите за „Ројтерс“.

Слични содржини