Ексразузнавач: Груевски ја злоупотреби лустрацијата, голем број луѓе беа жртви, некои завршија во ендеци

од Viktor Jovanov

Александар Диневски поранешен разузнавач вели дека процесот на лустрација е изместен од првичната идеја. Тој смета дека овој процес наместо да биде исправање од еднопартискиот систем, се искористи за политичка пресметка на Груевски и неговата влада со политичките неистомисленици.

-Лустрацијата е изместена од првичната идеја. Требаше да биде исправање од еднопартискиот систем. Факт е дека лустрацијата беше дел од една платформа на Груевски со која сакаше тотално реустројство на целата држава односно уништување на сите негови противници. Јасно го покажа тоа во 2009 година кога во писмо напиша дека потребно е да се заврши со транзициските политичари. Во годините кои следеа се обиде да го оствари тој процес. Голем број на луѓе беа жртви на монтирани случаи, голем број луѓе завршија на друг начин, некои во ендеци некои во гробишта. Тоа и ќе продолжеше, но благодарејќи на Верушевски, Заев и двајцата припадници од УБК тоа се спречи, вели Диневски.

Тој смета дека од било кој аспект да се гледа, лустрацијата не може да добие преодна оценка и тоа е причина зошто е потребно да се донесе овој закон за да се поништат сите пресуди за лустрацијата.

-Ова беше еден злостронички правен процес, се судеше на мртви луѓе, тоа го правеше само Енвер Хоџа, вели Диневски.

Слични содржини