Електричен MG4 во Шпанија за само 18.480 евра

од Vladimir Zorba

Крај на моделската година, големи залихи, слаб интерес или љубов кон купувачите… Кој знае која е причината, но MG направи важен чекор со кој сака да го доближи својот многу добар електричен автомобил MG4 до публиката во Шпанија.

Најпродаваниот електричен компактен автомобил на MG сега е исклучително достапен, почнувајќи од само 18.480 евра, што е попуст од повеќе од 12.000 евра во споредба со препорачаната малопродажна цена. Има владини стимулации и МG попусти, но цената на ова возило е повеќе од прифатлива.

Така, во Шпанија, MG успеа да ја изедначи цената на електричниот компактен автомобил со автомобилите на бензин. Уште повеќе, електричните автомобили се поевтини со овој пакет, пишува „HAK“.

MG4 овозможува досег до 520 километри во комбиниран циклус (фабрички податоци). Брзината на полнење може да достигне 144 kW, што ви овозможува да наполните од 10 до 80% од батеријата за само 26 минути.

Слични содржини