Електричен Pravaig Defy од Индија

од Vladimir Zorba

Pravaig е автомобилски стартап од Индија, а нивната новина е овој електричен SUV наречен Defy.

Според најавите, Defy треба да влезе во производство во вториот квартал на 2023 година, по цена од 48.440 долари.

Како што објави „Economic Times“, извршниот директор на „Pravaig“, Сидарта Багри, рече дека инвестирале 18 милиони долари во развојот на теренецот и дека ќе инвестираат дополнителни 30 милиони долари во следните пет месеци пред неговото лансирање на пазарот.

Pravaig Defy се заснова на внатрешно развиена EV архитектура со два електрични мотори кои имаат комбинирана моќност од 300 kW/407 КС и 620 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 4,9 секунди, а максималната брзина е 210 km/h.

Батеријата од 90,9 kWh е доволна за опсег од повеќе од 500 km и може да се наполни од 0-80% за 30 минути со помош на ултра брзиот полнач.

Прототипот е долг 496 см, но не е финален производ, бидејќи Pravaig ќе направи некои мали промени пред да се појави на пазарот.

Defy има и таканаречени „самоубиствени врати“, растојание од земја од 234 мм, внатрешност за четири или пет патници, 10,0-инчна дигитална табла, 15,6-инчен екран за инфозабавниот систем, панорамски стаклен покрив, 5G поврзување, аудио систем Devialet, веганска кожа и одржливи ткаенини..

Според информациите, Pravaig сака да ги испорача првите примери до април 2023 година.

Слични содржини