Ели Голдинг бремена: „Уживам во новите облини“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Пејачката Ели Голдинг и нејзиниот сопруг Каспар Џоплинг го очекуваат своето прво дете. Двојката ја дозна среќната вест во август минатата година, на нивната прва годишнина од бракот.

Тие не сакаа да ја откријат бременоста до сега бидејќи пејачката сакаше да се посвети на фактот дека станува мајка, со оглед на тоа што оваа вест ја изненади.

Ели е бремена околу 30-та недела, а за магазинот „Вог“ позираше во бел фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.

„Кога дознав дека сум бремена, не можев да верувам дека е вистина“, рече Ели, и додаде: „Бременоста ме направи човек. Барам подобар збор од „женственост“, но не можам да го најдам. Сега имам облини какви што никогаш порано немав. Уживам. И мојот сопруг“.

Ели е позната по тоа што внимаваше на линијата, па истакна дека не и било лесно да премине од салати и здраво јадење на брза храна, по која копнее откако е бремена.

Да потсетиме, пејачката е во врска со Каспар од 2017 година, а тие се венчаа во 2019 година во готската катедрала Јорк Мунстер во англискиот град Јорк, пред која се собраа бројни обожаватели, како и познати личности кои дојдоа на свадбата.

Слични содржини