Името Елизабет Холмс може да не ви говори ништо, но тоа е најмладата милијардерка во светот.1404752806000-XXX-131219-THERANOS-002-65530192

Поради своите необични работни стратегии Холмс не се појавува често во медиумите. Всушност, додека многу сопственици на бизниси едвај чекаат да се појават на секоја страница во весникот, Елизабет, која е родена во 1984 година, е фокусирана околу своите револуционерни технологии за испитување на крвта.

“Бизнис Инсајдер” ја рангира на прво место на листата на најдоходовните луѓе во Силиконската долина. Нејзината фабрика “Теранос” би можела да го промени светот на медицината засекогаш.

Таа е 110-та на листата на “Форбс” за 2014 година, а една година подоцна се рангираше на првото место како најбогатата жена во САД со имот, чија вредност се проценува на 4,7 милијарди долари.635714501170933341-eliz

Уште во средно училиште, Елизабет научила мандарински и почнува да тргува со кинеските брокери. Додека студирала хемија во Стенфорд, го регистрирала првиот патент на свое име, а потоа го напушта факултетот. Од своето основање во 2003 година, “Теранос” создала крвни тестови кои можат брзо и ефикасно да откријат десетина заболувања и состојби, од висок холестерол до рак, за што е доволно само една капка крв.

Често споредуваната со Стив Џобс, Холмс, изјави дека почнала да размислува за најголемата промена која може да му подари на светот.

Слични содржини