Неодамна Чанинг Тејтум сподели во интервју дека би сакал да има тројка со сопругата Џена и колешката Емилија Кларк, повеќе позната како Калиси од “Игра на престоли”. Убавицата може и да е поласкана од признанието на Тејтум, но во нејзината фантазија има место само еден друг човек и тоа е Рајан Гослинг.c348698659c06e5b9b92a3747c18abc9

На прес-конференцијата по повод лентата со нејзино учество “Терминатор: Битие” Кларк беше запрашана: “Ако Денерис Таргариен и Сара Конор (хероината во Терминатор) излезат со другарките каде ќе одат и што би правеле?”.

Емилија не се двоумеше за момент и рече: “Па на некое огноотпорно место, бидејќи Денерис најверојатно ќе ги земе змејовите со себе. Рајан Гослинг може исто така да биде таму за секој случај, мислам дека и двете го сметаат за многу жежок “.

Колешка на Кларк се пошегува дека ова ја потсетува на секс тројка, на што Емилија возврати: “Зошто да не? Јас само предложувам. Ако се одлучи, може да искористи. “

Слични содржини