Епска пресметка: Тухел и Конте влегоа во клинч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сцена каква што веројатно досега не е видена во Премиер лигата – двајца тренери си влегоа во лице и направија тотален хаос. Антонио Конте и Томас Тухел на натпреварот помеѓу Челси и Тотенхем влегоа во клинч и на минута го прекинаа натпреварот.

Мора да се признае дека овој конфликт го предизвика Конте кој се радуваше по израмнувачкиот гол на Хојбјерг за 1:1.

Тоа го изнервира Тухел, кој му пријде и му се внесе во лице. Никој од нив не сакаше да се повлече, а потоа долетаа играчите и остатокот од стручниот штаб за да ја смират ситуацијата.

Нешто подоцна, Челси повторно поведе со 2:1 и Германецот ја искористи приликата да се радува веројатно и повеќе отколку што инаку би направил.

На крајот мечот заврши без победник 2:2, откако Хари Кејн постигна гол во судиското надополнување, а двајцата тренери на крајот добија црвени картони откако предизвикаа уште еден инцидент.

Слични содржини