Ердоган најави олеснување на мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека меѓуградските патувања и отворањето ресторани, паркови и спортски објекти ќе бидат дозволени од 1 јуни.


Одлуката е дел од олеснување на ограничувањата наметнати од епидемијата на коронавирус.

Ердоган рече дека сепак ќе има ограничувања во движењето на луѓето на возраст од 65 години и нагоре.

Турција има скоро 160.000 регистрирани случаи на коронавирус, од кои повеќе од 4.300 се фатални.

Слични содржини