Ерменија им дозволи на работодавците да отпуштаат невакцинирани работници

од Nikola Popovski

Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој ќе им овозможи на работодавците да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против коронавирус или негативен резултат од тест.

Ерменија има една од најниските стапки на вакцинација во регионот на Кавказ, а новиот закон доаѓа по наредбата од август на Министерството за здравство дека вработените мора да достават доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест до работодавците на секои две недели за да не бидат казнети.

Владата денеска соопшти дека работодавачот, кога работникот нема да достави потврда за вакцинација или негативен резултат од тестот, има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти ако отсуствувал од работа десет работни дена.

Новиот закон не важи за претседателот, премиерот, пратениците, народните правобранители, судиите на Уставниот суд и многу други функционери.

Ерменија започна масовна кампања за вакцинација во април, а властите планираат да вакцинираат 700.000 од 2,9 милиони луѓе до крајот на годината.

Сепак, до 6 декември целосно се вакцинирани 516.989 граѓани.

Слични содржини