Ешли Грејам храбро ги покажа стриите по бременоста (ФОТО)

од Elena Daskalova

Неодамна Ешли Грејам одлучи јавно да прозбори за реалната состојба низ која поминуваат жените кои неодамна се породиле.

Освен грижата за бебето, таа се осврна и на закрепнувањето, како и сите непријатности кои доаѓаат со тоа, вклучувајќи го и враќањето на матката во првобитната форма, но и исцедоците поради нејзиното обновување.

Овојпат, плус-сајз манекенката одлучи да ги покаже стриите на стомакот кои ѝ се создале во текот на бременоста. Таа сака да биде пример за сите нови мајки, покажувајќи дека женското тело е чудо, кое успева да износи нов живот цели девет месеци, а потоа низ бројни перипетии да се врати во првобитната состојба.

View this post on Instagram

same me. few new stories.

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Слични содржини