Ешли Грејам откри како бременоста влијаела врз неа: Никој не зборува за тоа

од Elena Daskalova

Ешли Грејам, која важи за најпопуларен плус-сајз модел во светот, неодамна се породи и стана мајка на син. Таа со своите објави на Инстаграм постојано привлекува многу внимание.

Инстаграм

Но, овојпат, за разлика од вообичаено, воопшто немаше голотија, туку таа отвори една тема која често е болна за новите мајки, а тоа се физичките промени на телото кои настануваат за време на бременоста и по породувањето.

„По сите овие години во модната индустрија, мое омилено парче облека сега се гаќичките за една употреба. Никој не зборува за периодот на закрепнување низ кој новите мајки поминуваат. Неверојатни се препреките со кои се соочуваме кога се обидуваме за тоа да зборуваме. Ви покажувам дека нема виножита и пеперутки“, напишала Ешли.

Нејзиниот потег предизвика многу коментари на одобрување кај мајките кои поминувале низ сличен период. Тие под фотографијата на која Ешли носи црна маичка и сив мидер отворено сведочеле за предизвиците со кои се соочиле во постпородилниот период, споделувајќи ги дури и оние „најнепријатните“ детали.

Слични содржини