Ешли руши табуа: Објави фотографија од породувањето, ја покажа најголемата болка

од Elena Daskalova

Плус сајз моделот Ешли Грејам ужива во своите родителски обврски, но и не ги заборава сите оние болни моменти од бременоста, породувањето, но и закрепнувањето.

Таа веќе ги покажа стриите, откри дека имала и постпородилни крварења, дека го дои своето бебе секогаш кога е гладно, без разлика каде е, а овојпат одлучи со обожавателите да сподели фотографија од самото породување.

„Ова е лицето на мојата најголема сила. Најголемата болка која ја имам почувствувано, но и најголемото достигнување. Без разлика на болката и предрасудите, ние жените сме силни, моќни да постигнеме големи нешта“, напиша таа.

Додека едни ѝ се воодушевуваа на храброста, други сметаа дека требало да ја задржи оваа фотографија за себе.

Слични содржини