Ескобар: Не постои никаква можност Република Српска да се отцепи од БиХ

од Milan1

Aмериканскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека не постои можност за отцепување на Република Српска од БиХ. По средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Ескобар изјави дека САД целосно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Тој ги осуди најновите потези на српскиот член на Претседателството на БиХ, кои се однесуваат на враќање на надлежностите на ентитетите, додавајќи дека тие водат кон ескалација. Претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ изјави дека нема да стане жртва на провокациите на Додик.

Ескобар додаде дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ треба да се направи што е можно поскоро, бидејќи луѓето од Балканот се поврзани со Европа во економска и културна смисла. Комшиќ, како што јавуваат босанските медиуми, го известил специјалниот пратеник на претседателот на САД за полициската вежба што ќе се одржи денеска во РС, во која учествуваат Министерството за внатрешни работи и жандармеријата на РС. Тој вежбата ја опиша како уште еден провокативен потег „насочен кон создавање конфликт“.

Во меѓувреме, српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, оцени дека американската амбасада во Сараево е „епицентарот на нестабилноста во БиХ“. Додик за агенцијата Срна рече дека би било добро за сите во БиХ американската амбасада во Сараево да престане „да се заканува и да држи лекции за уставноста и да го прекрши Дејтонскиот договор“.

„Нивните закани,  кажано со балкански речник, се силеџиштво. Цело време работат на муслиманскиот проект на БиХ, лажно прикажувајќи дека наводно создаваат „функционална држава“, а во суштина работат за муслиманите и ја создаваат нивната муслиманска држава“, рече Додик.

Слични содржини