Ескобар: С. Македонија е силен партнер и лојален пријател на САД

од Nikola Popovski

Заменикот-помошникот на државниот секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска потенцирал дека С. Македонија направила тешки реформи и заслужува да оди напред во европската интеграција.

-Јазикот и културниот идентитет не се спорни за САД, но сепак земјата треба да одржи конструтивен дијалог со соседите. САД остануваат на страната на Македонија и ќе бидат силен поддржувач. Нашето искуство со вашата земја е дека е силен партнер, лојален пријател, голем поддржувач на транс-атлантската заедница. Северномакедонците се европејци, историски, културно и економски. С. Македонија е дел од Европа и ќе биде важен учесник во транспортот, ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор. С. Македонија го заслужи правото да се движи напред во процесот, рекол Ескобар во изјава за Тв Сител.

Ескобар додал дека земјава продолжува да прави тешки реформи.

-Ние ќе бидеме силен партнер во охрабрувањето и поддршката кон С. Македонија во процесот, изјавил Ескобар.

Слични содржини