Еспаргаро пуштен на домашно лекување

од desk4

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, ја напушти болницата и замина на домашно лекување, откако пред шест дена падна и сериозно се повреди при загревањето за трката за Големата награда на Германија.

Еспаргаро на утринскиот тренинг удри со моторот во заштитната ограда на четвртата кривина.

Иако шпанскиот возач помина без скршеници, сепак имаше тешки повреди во пределот на ребрата од левата страна, а по инцидентот веднаш беше префрлен во болница во Кемниц.

Тој најверојатно ќе биде подготвен за трката за Големата награда на Чешка, која ќе се одржи во почетокот на август.

Слични содржини