Естонската премиерка на руска потерница

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за внатрешни работи издаде потерница по естонската премиерка Каја Калас, соопшти министерството.

„Калас Каја. Потерница по член од Кривичниот законик“, се наведува во базата на руското МВР, но без да се прецизира за кој член станува збор.

Калас е позната по своите антируски ставови.

Меѓу другото, таа повика Русија да биде изолирана од слободниот свет, го поддржа рушењето на советските споменици, а исто така се залагаше и за забрана на издавање визи за руските граѓани во цела ЕУ.

Таа нагласи дека е подготвена да го промени Уставот на Естонија за на Русите и Белорусите да им се одземе правото да учествуваат на избори.

Во самата Естонија таа беше предмет на скандал бидејќи беше откриено дека компанијата на нејзиниот сопруг соработувала со Русија, а во исто време таа била една од најголемите поборници за прекин на соработувањето со Русија.

Опозицијата побара нејзина оставка, пренесува „Спутник“.

Слични содржини