ЕУ дипломат: Арсеналот на санкции против Русија се приближува до границата

од Vladimir Zorba

Неуспехот на земјите-членки на Европската унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува своите граници во однос на капацитетот за дополнително воведување финансиски санкции кон Москва, според дипломат на ЕУ.

„Доколку имаше проблем со ембаргото на руската нафта, замислете што ќе се случи со предлогот за забрана на гасот. Седмиот пакет санкции против Москва ќе биде исклучително тежок. Многу сме блиску до достигнување на нашите граници. Што би вклучувал седмиот пакет?“, изјави неименуван дипломат оваа недела за порталот „Еурактив“, пренесе „Раша тудеј“.

Земјите-членки на ЕУ не успеаја да се договорат за предлогот за забрана на увозот на руска нафта, по повеќе од 10 дена преговори, при што Унгарија ја предводи групата земји кои се против мерката.

Слични содржини