На почетокот од оваа година ЕУ побарала од Бугарија да прими назад три илјади азиланти кои се обиделе да се префрлат и да се населат на Западот, јавува Би-Би-Си.

Владата во Софија го прифатила тоа, но некои земји-членки на ЕУ бараат од Бугарија да ги прими назад „сите осум илјади“ азиланти кои поминале низ бугарската територија, на пат кон западните делови од Европа.

bugarski-romi

Главни застапници на ваквото барање се Австрија, Унгарија и Германија кои сметаат дека на Бугарија треба да и се вратат сите азиланти, а таква позиција овие земји имаат и кон Грција, преку чија територија, исто така, минува еден од главните правци за азилантите од другите континенти.

Владите во Софија и Атина остро се спротивставуваат на ваквите притисоци, тврдејќи дека таквиот однос не е фер. Во Софија се вели дека многу повеќе азиланти во ЕУ, влегуваат преку Малта и Италија.

Според Би-Би-Си, бугарската Влада продолжува и понатаму да се соочува со бранот бегалци, илегални имигранти и ловци на азил, од земјите на Блискиот Исток и средна Азија, какви што се Сирија и Ирак, Авганистан, но и од државите на Северна Африка, кои влегуваат во Бугарија преку нејзината граница со Турција.

Бугарските власти се обидуваат проблемот да го решат со оградување на бугарско-турската граница. Во 2013 година беше подигната висока ограда од тел, во должина од 32 километри, а сега нејзината изградба се продолжува.

Неколку стотици полицајци се стационирани во пограничниот сектор,како дополнување на обезбедуањето на границата, а во Софија има предлози таму да се испрати и војската.

Податоците на бугарските власти откриваат дека во минатата година, од Сирија во Бугарија влегле нешто над 5500,од Авганистан околу 2500,а од Ирак 450 бегалци, чија цел била да се префрлат на Западот./MИA

Слични содржини